Младиот кошаркар на Фенербахче, Тарик Биберовиќ, момче родено во Зеница, реши во иднина да не настапува за репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Тој веќе подолго време игра за истанбулскиот великан, а доби турски пасош и ја прифати поканата да игра за турската репрезентација.
Оваа информација ја потврди селекторот на Турција, Ергин Атаман.
„Во репрезентацијата ќе го вклучиме и Тарик Биберовиќ, кој игра добро во Фенербахче“, изјави Атаман.
Тарик Биберовиќ има 23 години, а во Турција е од својата 16-та година.
Очекувано, по стапките на Тарик ќе тргне и помладиот брат Фарук.