Top Sport

Билапс за финалето во 2004: Според имињата Лејкерси требаше да не згазат

Чонси Билапс плејмејкерот на шампионската генерација на Детроит Пистонс од 2004 година, рекол дека таа година во финалето Лос Анџелес Лејкерс, според играчите што ги имале, требало да го прегазат неговиот тим.

Сепак, Пистонс беа тие кои доминираа во финалната серија во 2004 година, ги совладаа Лејкерси со 4-1 во победи. МВП на финалната серија бил Билапс.

„Има голема самодоверба пред почетокот на серијата. Доколку ги погледнете имињата требаа да не прегазат, навистина го мислам ова. Сепак во една таква серија многу зависи и од начинот на игра, сакам да кажам дека тоа е борба на различни стилови, а нашиот тим тука беше супериорен во однос на нив дури и во регуларниот дел од сезоната. Кога Лејкерси ја победија Минесота (финале на Западот) бев среќен, имав чувство дека не можат да не победат“, рекол Билапс.

За Лејкерси таа година покрај Коби Брајант и Шекил О’Нил играа Карл Мелоун и Гери Пејтон, односно Дерик Фишер, Рик Фокс, Лук Волтон, Брајон Расел.

Покрај Билапс ѕвезди на тој тим на Детроит Пистонс беа Бен и Рашид Валас, Тејшон Принс, Ричард Хамилтон.

Билапс во финалната ја заврши со просек од 21 поен, 3,2 скока, 5,2 асистенции и 1,2 украдена топка.

Scroll to Top