Top Sport

Бирд завршил зад решетки

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џабари Бирд, бил уапсен под обвинение дека нападнал, давел и киднапирал неидентификувана особа. Случајот, според „ЕСПН“, полицијата го води како семејно насилство.

Истиот извор наведува дека повредената жртва била пренесена в болница и дека 24-годишниот кошаркар в понеделник ќе се појави пред судија.

Неговиот клуб со соопштение потврдил дека се запознати со инцидентот и дека случајот е сериозен.

Бостон Селтикс го избраа Бирд како 56.пик на драфтот одржан минатата година.

Scroll to Top