Српскиот репрезентативец Немања Бјелица со звукот на сирената им донесе победа на Сакраменто Кингс во Хјустон. Мечот во Тексас заврши со победа на Кингс 119:118.
Со оваа победа Сакраменто ја прекинаа низата од десет порази кога играат во Хјустон, а која започна во 2013 година.
Одличниот меч што го одиграа Хјустон и Сакраменто беше решен во исклучително незивесна завршница. При резултат 113:113, Мелемор погоди тројка за Хјустон, а веќе во наредниот напад израмни Хилд.
Во последната секунда Вестбрук погоди за нова предност на Хјустон, а по тајм-аутот на Лук Волтон топката дојде до Бјелица кој погоди тројка со звукот на сирената и на Кингс им ја донесе десеттата понеда оваа сеозна.
Бјелица мечот го заврши со 17 поени, пет скока, четири асистенции и три украдени топки, неговиот сонародник Богдан Богдановиќ уфрли 13 поени. Најефикасен кај Сакраенто беше Бади илд со 26 поени, четири скока и шест асистенции.
Хјустон го предводеа Расел Вестбрук со 34 поени, односно Џејмс Харден со 27 поени 10 асистенции.