Top Sport

Блокотехна го издржа „пеколниот“ финиш на МЗТ за израмнување

Блоктехна успеа да израмни на 1:1 во полуфиналето на плеј-офот против МЗТ Скопје со победа од 106:94, откако направи огромна предност во првите три четвртини и го издржа одличниот финиш на шампионот во Гевгелија.

Блокотехна од почетокот беше подобра, правејќи разлика од 15 поени, но МЗТ не дозволи целосна катастрофа откако во последната четвртина имаше серија од 10:0, меѓутоа беше предоцна за пресврт.

Кај домаќините најдобар беше Двејн Бенџамин со 31 поен, Данило Мијатовиќ имае 20 поени, додека Антон Казарновски имаше 12 поени, 10 асистенции и 10 скока. Кај гостите, шест играчи имаа двоцифрен број на поени.

Следниот меч од полуфиналната серија се игра в недела во „Јане Сандански“.

ПЛЕЈ-ОФ, ПОЛУФИНАЛЕ

(1:1) МЗТ Скопје – Блокотехна 80:74; 94:106

(1:0) Работнички – Куманово 101:72

Фото: МЗТ Скопје

Scroll to Top