Гевгелиска Блокотехна на почетокот на новата сезона во македонската Суперлига покажа дека ќе биде противник кој ќе оди на највисок пласман, откако успеа да го победи МЗТ Скопје со 81:78.
Блокотехна успеа да се врати од негатива од 12 поени во првото полувреме, за да поведе со 51:50 на почетокот на третата четвртина, по што беа постабилни во финишот на натпреварот за победа во првото големо дерби во македонската кошарка.
Литванецот Поилас Гаидус имаше 20 поени и 9 скока за Блокотехна, додека Мијатовиќ додаде 17 поени. Кај МЗТ Дамјан Стојановски и Љубомир Младеновски имаа по 15 поени.