Top Sport

Бо Мекејлеб ќе игра за Фуенлабрада

Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб има нов клуб. 34 годишниот Американец сезонава ќе ја мине во Фуенлабрада.

Членот на најуспешната генерација на македонската кошарка, која во 2011 година во Литванија го освои четвртото место и минатата сезона играше во Шпанија.

Мекејлеб во кариерата играл во Мерсин, Партизан, Монтепаски Сиена, Фенербахче, Баерн, Ломож, Гран Канарија и Саргоса.

Со екипата на Партизан во 2010 година играше на завршниот турнир во Евролигата.

Scroll to Top