Американскиот плејмејкер Боби Браун до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Олимпијакос, објави грчкиот клуб.
Браун последните две сезони го носеше дресот на Хјутон во НБА лигата, но поради малата минутажа која ја добиваше од тренерот Мајк Д’Антони, пред две недели реши да го напушти клубот.
Олимпијакос со неговото доаѓање дополнително ќе добие на квалитетот во бековската линија.
Искусниот 33-годишен плејмејкер најголемиот дел од кариерата ја мунува на релација САД-Европа, а три сезони (2013-2016) играше во Кина.
Браун во сезоната 2012/2013 како играч на Монтепаски Сиена го доби трофејот „Алфонсо Форд“ што му се доделува на најдобриот стрелец во Евролигата.
Браун таа сезона за екипата од Сиена просечно по натпревар постигнувал по 18,8 поени.
Παίκτης του Ολυμπιακού ο Μπράουν – Η ΚΑΕ Ολυμπιακός ανακοινώνει τη συμφωνία της με τον καλαθοσφαιριστή @BBROWNLAU. #OlympiacosBC #WeAreOlympiacos https://t.co/tRnawKAJVa pic.twitter.com/er41FqPqz2
— Olympiacos B.C. (@olympiacosbc) February 22, 2018