Top Sport

Медведев на Индијан Велс продолжи каде што застана на САД опен

Рускиот тенисер Данил Медведев кој го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на САД опен, со триумф го започна и походот на Мастерсот Индијан Велс. Утринава со 2-0 (6-4 и 6-2) беше подобар од Американецот Мекензи Мекдоналд. За Русинот ова беше 17-тата победа во 18-тиот меч.

„Многу сум задоволен, затоа што обично не сум играл така добро на Индијан Велс, а не бев ни посебно добар на тренинзите пред почетокот на турнирот. Задоволен сум од играта, тоа е најважно“ смета тој.

Негов следен противник на турнирот е Филип Краиновиќ, инаку добар пријател токму на Ѓоковиќ.

На синоќешните дуели немаше поголеми изненадувања, Димитров со 2-0 славеше против Алтмаер, Карацев беше убедлив против Карусо, а Херис немаше проблеми со Давидович Фокина.

Пласман во следна фаза обезбеди и рускиот тенисер Рубљов, во два сета беше подобар од Табернер.

Scroll to Top