Top Sport

Богдановиќ со звукот на сирената го урна Хјустон (Видео)

Бојан Богдановиќ го шокира Хјустон со тројка во последната секунда со која Јута Џез славеа 114:133.

Богдановиќ кој зад себе има одлична сезона, во Хјусотн беше под своето ниво. Го одигра најлошиот меч, меѓутоа го погоди најважниот шут. На 1,6 секунди до крајот при водство на Хјустон 113:111 тренерот на Јута нацрта акција за Богдановиќ, иако до тој момент Хрватот погоди само еден шут од шест обиди.

Богдановиќ мечот го заврши со осум поени. Јута ја предводеа Џордан Кларксон со 30 поени, односно Донован Мичел со 24. Залудни за Хјустон беа 39 поени на Расел Вестбрук односно трипл-даблот на Џејмс Харден (28 поени, 10 скока, 10 асистенции).

Покрај Богдновиќ одличен меч одигра уште еден Европеец, Фуркан Коркамз од Филалдлефија. Тој постигна 31 поен (шест тројки) во победата на Филалдлефија над Чикаго 118:111. За Коркмаз ова беше вториот меч во низа со најмалку 30 постигнати поени.

Младиот Турчин ги засени со својата партија првите ѕвезди во тимот Џоел Ембид (28 поени, 12 скока) и Бен Симонс (19 поени, осум скока, девет асистенции).

Резултати:

Окалхома-Бостон 111:112
Атланта-Њујорк 140:135
Вашингтон-Мемфис 99:106
Кливленд-ЛА Клиперс 92:133
Портланд-Мајами 115:109

Scroll to Top