Top Sport

„Бомба“ од Белград: Црвена Звезда преговара со Алексеј Швед

Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда е во преговори со рускиот кошаркар Алексеј Швед, тврди српскиот „Спортал“.

Двете страни веќе подолго време ја разгледуваат можноста за соработка. Меѓу нив постои директна врска, бидејќи претходно заедно соработуваа Русинот и тренерот на Црвена Звезда, Душко Ивановиќ.

Швед ја започна кариерата во ЦСКА Москва, а потоа играше во Химки и во Динамо.

Во НБА ги носеше дресовите на Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк Никс, а во 2015 година се врати во Химки, па во ЦСКА, со која досега имаше договор.

 

Scroll to Top