Top Sport

Бостон не успеа, Мајами ќе се борат за НБА титулата

Кошаркарите на Мајами ќе се борат за титулата во НБА лигата. Мајми во седмиот решавачки натпревар од финалето на Источната конференција го совладаа Бостон Селтикс со 103:84.

Ти-Ди Гарден во Бостон беше подготвен да влезе во историјата, но Мајами Хит ја распипаа планираната журка. Речиси 20 илјади души беа убедени дека нивната „династија“ ќе стане првиот тим од НБА и само шестиот тим во историјата на професионалните спортови во САД, кој успеа да ја добие серијата по негатива од 3:0. И дека трофејот Лери Брд, најголемата легенда на Селтикси, ќе му припадне на еден од нив (читај Џејсон Тејтум).

Ништо од тоа не се случи, во историјата влезе Мајами Хит. Тие станаа само вториот тим што стигнал до големото финале како осми носител, по Њујорк Никс во 1999 година.

Џими Батлер го водеше свпјот тим до победата. Бостон поведоа со 5:0 поведе, Мајми возврати со серија 15:6 и предноста не ја испушти до самиот крај. На крајот од првиот дел беше +7 (22:15), на полувреме +11 (52:41), а највисоката предност беше +22 во последната четвртина. На крајот сигурна, убедлива победа за повеќе од заслужен пласман во големото финале.

Споменатиот Батлер беше и најистакнатиот актер на натпреварот со 28 поени, седум скока и шест асистенции. Заслужено тој ја освои МВП наградата за најдобра играч во финалето на Истокот.

Голема поддршка имаше во Кејлеб Мартин кој имаше дабл-дабл од 26 поени и 10 скока.

На другата страна најефикасен беше Браун со 19 поени со осум скока и пет асистенции, Вајт забележа поен помалку, а главната ѕвезда на тимот Џејсон Тејтум се повреди во првата минута, но продолжи да игра со видливо куцање. Натпреварот го заврши со 14 поени (5/13 гол од поле) и имаше 11 скока.

Големото финале започнува ноќта меѓу четврток кон петок, а првиот натпревар на програмата е во Денвер во 2:30 часот.

Scroll to Top