Бостон селтикс први се пласираа во втората рунда на НБА плејофот, откако со 110:106 ги победија Филаделфија 76ерс за да ја добијат серијата со 4:0.
Сиксерси беа аутсајдери и пред стартот на плејоф серијата, посебно без повредениот Бен Симонс, но малкумина очекуваа дека ќе им се случи „метла“ по само четири меча.
Кемба Вокер имаше 32 поени, 4 скока и 4 асистенции, Џејсон Тејтум додаде 28 поени, а Браун имаше 16, додека кај Фили, само Џоел Ембид беше во форма со 30 поени и 10 скока.
Селтикс сега го чекаат подобриот од дуелот меѓу актуелниот НБА шампион Торонто и Бруклин, серија во која Репторс имаат 3:0 водство.