Top Sport

Божикен трипл-дабл на Јокиќ, Тејтум и Браун го декласираа Милвоки

Никола Јокиќ и Џејсон Тејтум ги обележаа последните два Божикни натпревари во НБА лигата. МВП кандидатите со по 41 поен ги предводеа своите тимови до победите над Феникс санс, односно Милвоки Бакс.

Денвер Магетс, во неизвесен натпревар и едно продолжение, славеа над Феникс Санс со 128:125. Нагаетс со овој триумф ја задржаа лидерската позиција на Западот.

Јокиќ го предводеше својот тим со трипл-дабл од 41 поен и по 15 скока и асистенции. Покрај Јокиќ, најдобар играч беше Арон Гордон со 28 поени (11-18 од поле) и 13 скока, додека Џамал Мареј постигна 26 поени (7-19 од поле) и по пет скока и асистенции, а Кентавиус Колдвел-Поуп. постигна 15 поени.

Кај Санс најефикасен беше Лендри Шемет со 31 поен (3-3 за два, 7-17 за три, 6 аст) Диандре Ајтон имаше 22 поени (9-18 од поле), со 16 скока, но и 6 загубени топки, Ли даде 18 поени, а Крис Пол додаде 17 (6-17 од поле), заедно со 4 скока и 16 асистенции.

Бостон го декласираше Милвоки со 139:118, а Џејсон Тејтум беше најефикасен со 41 поен (14-22 од поле), од кои 20 во клучната трета четвртина, седум скока и пет асистенции.

„Забавно е да се игра на Божиќ“, рече Тејтум, кој имаше моќно забивање над Антетокунмпо.

Џејлен Браун постигна 29 поени (11-19 од поле), 13 во последната четвртина, пет скока и четири асистенции, а Дерик Вајт имаше 12 поени и пет асистенции.

Кај Бакс најефикасен беше Јанис Андетокумбо со 27 поени (9-22 од поле), девет скока и три асистенции, а Џру Холидеј постигна 23 поени (8-14 од поле), со шест скока и пет асистенции.

Scroll to Top