Бостон Селтикс со брејк во Сан Франциско го отворија големото финале во НБА лигата. Селтикс ги совладаа Голден стејт Вориорс со 120:108. Феноменалната последна четвртина, која Слетикс ја добија со 40:16 го реши победникот. На овој натпревар е поставен рекорд на постигнати тројки. Комбинирано двата тима погодија 40 тројки.
Домашните играчи подобро го отворија натпреварот, но и Бостон имаше свој одговор на тоа. Селтикси на стартот не им дозволија на Вориорс да стекнат значајна предност.
Првата четвртина ја одбележа маестралниот Стеф Кари, кој воведните 12 минути ги заврши со 21 поен, од кои 6 тројки.
Голден Стејт водеше во текот на првото полувреме, стигнаа и до 10 поени предност, но играчите на Бостон се вратија и поведоа на крајот на втората четвртина.
Бостон поведе со 56:54.
Во третиот квартал, играчите од Сан Франциско влегоа во шутерски ритам, во еден момент имаа и 15 поени предност.
Таа предност можеше да биде поголема, но Селтикси не дозволија да се случи тоа. На крајот од третата четвртина Голден Стејт Вориорс водеа со 12 поени разлика 92:80.
Четвртата четвртина започна со серијата во Бостон иницирана од феноменалниот Џејлен Браун.
Таа серија беше клучна за победата на Селтикс. Бостон израмни, а со двете тројки на Ал Хорфорд стекна предност од шест поени.
Во тие моменти Селтикс не можеа да промашат, Вориорс немаа одговор на оваа блескава четвртина на Бостон и Селтикс дојдоа до победа и „брејк“ на гостински терен.
Најефикасен во редовите на победничката екипа беше Ал Хорфрод со 26 поени. Покрај тоа, имаше и шест скока, три асистенции, а шест пати беше прецизен во шутот за три.
Покрај него, одличен меч одигра и Џејлен Браун, особено во последната четвтина. Браун постигна 25 поени со седум скока и пет асистенции.
Пејтон Причард постигна 21 поен, Маркус Смарт 18, а Џејсон Тејтум одигра многу полошо за неговите стандарди. Натпреварот заврши со 12 поени и 13 асистенции, но тој шутираше очајно – 3/17 од игра.
Стеф Кари беше одличен во тимот на Голден Стејт со 34 поени, пет скока и пет асистенции. Ендрју Вигинс постигна 20, а Клеј Томпсон 15 поени.