Феникс Санс се на чекор до НБА финале затоа што во финалето на Западната конференција утринава по третпат го поразија тимот на ЛА Клиперс и тоа на гостински терен – 84-80, за водство од 3-1 во серијата до 4 победи.
Дејвин Букер беше најдобриот кошаркар кај „сонцата“ со 25 поени, додека Деандре Ејтон мечот го заврши со 19 поени и дури 22 скока.
Санси многу подобро го отворија мечот во „Стејплс центар“, па уште на полувреме стигнаа до двоцифрена предност од 15 разлика.
Во третиот период Клиперси се вратија во игра, па во еден период на семафорот стоеше 66-65 за Феникс.
И во четвртиот период се играше израмнето, но домаќините немаа сила за тој завршен удар за пресврт.
Кај ЛА Клиперс најдобар беше Пол Џорџ со 23 поени и 16 скока, додека Реџи Џексон броеше до 20.
Феникс е на прагот на своето прво финале во НБА уште од далечната 1993 година кога загубија од Чикаго Булс со 4-2 во серијата.