Top Sport

Брилијантниот Мареј ги сруши Селтикс (Видео)

Денвер Нагетс запишаа победа во дуелот со Бостон Селтикс 115:107. Дерби мечот во Колорадо го обележа Џамал Мареј кој постогн рекордни 48 поени.

Првата четвртина целосно им припадна на гостите од Масачусец, кои акумулираа предност од 18 поени. Меѓутоа работите се сменија во вториот период, Нагетс не само што се вратија во мечот, туку на 20 секунди до крајот имаа водство.

Третата четвртина мина во знакот на Џамал Мареј (Денвер) и Кајри Ирвинг (Бостон), а Нагетс во решавачкиот период влегоа со предност од седум поени, 88:81. Последната четвртина му припадна на Канаѓанецот Мареј, го со тројки го затрупа кошот н Бостон.

21-годишниот Мареј натпреварот го заврши со 48 поени, пет скока и четири асистенции. Кај Нагетс уште се истакнаа и Херис и Лајлс со по 13 поени, односно Милсап со 10. Бостон го предводеше Ирвинг со 32 поени и по пет скока и асистенции. По 15 поени постигнаа Тејтум и Браун.

Деневер се втори на Западот со девет победи и еден пораз, додека Босотн има скор од шест победи и четири порази.

Резултати:

Детроит Пистонс-Мајами Хит 115:120, Њујорк Никс-Чикаго Булс 115:116, Јута Џез-Торонто Репторс 111:124, ЛА Клиперс-Минесота Тимбервулвс 120:109, Орландо Меџик-Кливленд Кавалирс 102-100, Окахома Тандер-Њу Орлеанс Пеликанс 122:116, Индијана Пејсерс-Хјустон Рокитс 94:98, Голден стејт Вориорс-Мемфис Гризлис 117:101.

Scroll to Top