Top Sport

Бруклин му го расипаа јубилејот на Леброн, Бјелица им пресуди на Мајами, Милвоки се во криза

Бруклин Нетс му го расипаа јубилејот на Леброн Џејмс. Нетс, во дербиот во НБА лигата, забележаа победа над Лос Анџелес Лејкерс 109:98.

Без Ентони Дејвис, Лејкерси го забележаа вториот пораз на последните три натпревари. Џејмс натпреварот го заврши со 32 поени, осум скока и седум асистенции.

На овој меч Леброн ја мина границата од 35.000 поени во кариерата и се наоѓа третото место на вечната листа. Пред него сега се само Карим Абдул Џабар (38.387) и Карл Мелоун (36.928).

Бруклин и без Кевин Дурент без поголеми проблеми успеаја да победат. Џејмс Харден забележа 23 поени, пет скока и 11 асистенции, два поени помалку постигна Џо Херис.

Милвоки Бакс забележаа нов пораз. Бакс го запишаа петтиот пораз во низа. Ова е најлошата низа на овој тим во последните четири години. Милвоки се поразени од Торонто Репторс со 96:110. Репторс имаат седум победи на последните десет натпревари.

Норман Пауел постигна 29, а Паскал Сијакам 27 поени за Торонто. Кај Милвоки се истакна само Јанис Адетокумбо со 23 поени, 13 скока и осум асистенции.

Српскиот репрезентативец Немања Бјелица блескаше во победата на Сакраменто Кингс над Мајами Хит 118:110. Хит не успеаја да го избегнат поразот иако двајца играчи забележаа трипл-дабл. Бем Адебајо имаше 16 поени, 12 скока и 10 асистенции, а Џими Батлер 13 поени, исто толку асистенции и 10 скока. Најефикасен кај Мајами беше Тајлер Хиро со 27 поени.

Бјелица го предводеше Сакраменто со 25 поени, осум скока и три асистенции.

Scroll to Top