Top Sport

Јокиќ и Дончиќ стартери на Западот

Познати се петорките за Ол стар натпреварот, кој ќе се одржи на 7.март во Атланта. Како стартери на Ол стар мечот ќе дебитираат Никола Јокиќ (Запад) и Бредли Бил (Исток).

Петорката на Западната конференција ја предводи Леброн Џејмс, а покрај него и Јокиќ место во неа има и за Каваи Ленард, Лука Дончиќ и Стеф Кари.

Капитен на Истокот е Кевин Дурент, а во петорката се најдоа и Јанис Адетокумбо, Бредли Бил, Џоел ЊЕмбид и Кајри Ирвинг.

Останатите учесници на ќе бидат избрани од капитените Џејмс и Дурент.

 

Scroll to Top