Top Sport

Бруклин Нетс го отпуштија тренерот Вон

Нетси пред паузата за Ол-стар викендот доживеаја убедлив пораз во Масачусетс од Бостон со дури 50 поени разлика.

Тоа беше петти пораз во последните шест меча за Бруклин, поради што Вон доби отказ

„Ова е само потсетување дека ни претстои уште многу работа“, рече Вон по катастрофата, но тој нема да биде тренерт што ќе се обиде да го смени текот на сезоната.

Нетс се 11-ти во Источната конференција со 21 победа и 33 порази. Жак Вон Тој го презеде тимот на 1 ноември 2022 година како привремен тренер. Дојде на местото на Стив Неш.

Вон, во клубот беше од 2016 година, најпрвин како помошник тренер. Пред Бруклин, тој самостојно раководеше со Орландо од 2012 до 2015 година.

Scroll to Top