Top Sport

МОК го одби барањето – Пакјао нема да настапи на ОИ

Мани Пакјао (45) сакаше да се натпреварува на годинешните Олимписки игри во Париз, но Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го одби барањето филипинската федерација да му додели специјална покана на филипинската боксерска легенда. Пакјао на 45 години ја надмина старосната граница за учество на Игрите.

Пакјао важи за еден од најуспешните боксери на сите времиња, а освојувачот на 12 светски титули во дури осум категории се повлече од спортот во 2021 година за да се кандидира за претседател во својата татковина.

Оваа година, сепак, сакаше да му се врати на боксот на Олимписките игри. Желбата нема да му биде исполнета бидејќи МОК реши да го почитува правилникот кој им забранува на боксерите над 40 години да се натпреваруваат на Игрите.

„Тажен сум и разочаран, но ги разбирам и прифаќам причините за старосната граница“, напиша Пакјао во соопштението.

Интересно е што Пакјао никогаш не боксувал на Олимписки игри.

Scroll to Top