Top Sport

Бруклин победија во Сан Франциско, Лејкерси во Портланд

Бруклин Нетс и ЛА Лејкерс победија на гостувањата во Сан франциско, односно Портланд.

Голден стејт Вориорс продолжија со променливите парии од почетокот на сезоната. Бруклин предводени од Кајри Ирвинг победија во Сан Франциско со 120:116.

Натпреварот беше решен во финишот со поените на Ројс О’Нил, а точка од линијата за слободни фрлања стави Кајри Ирвинг.

Ирвинг мечот го заврши со 38 поени, седум скока и девет асистенции. На спротивната страна Стеф Кари забележа 26 поеби.

ЛА Лејкерс славеа во Портланд со 121:112.

Гостинскиот тим го предводеа Леброн Џејмс кој постигна 37 поени, Томас Брајант со 31 и Денис Шрудер со 24.

Во тимот на Блејзерс најдобар беше Анферни Симонс со 31 поен, додека Демијан Лилард постигна 24.

Јусуф Нуркиќ за 16 минути на теренот постигна два поени со три скока, две асистенции и една украдена топка.

Scroll to Top