Top Sport

Брутални напади кон Ајзак, кој одби да клечи, па го повреди коленото

Голем број на навивачи на Интернет влегоа во остар напад на НБА ѕвездата на Орландо меџиг, Џонатан Ајзак, откако одби да носи маичка со „Black Lives Matter“ и да клечи за време на американската химна, а потоа да заврши во количка со страшно повреде на коленото.

Ајзак, кој покрај кошарката е и христијански свештеник, беше првиот НБА кошаркар кој не клечеше на химната како дел од движњето BLM, носејќи го само дресот на тимот поради својата вера, но во неделата доби страшна повред на левото колено во својот втор меч по враќањето од повредата.

„Верувам дека црните животи вредат. Мислам дека тоа беше одлука која самиот требаше да ја направам и не мислев дека треба да облечам таква маичка и да клечам. Клечењето и облекувањето на маичка за мене не е одговорот“, изјави пред мечот Ајзак.

Суровите коментатори на Интернет го осудија 22-годишниот Ајзак: „Одби да клечи на 2020, па му го земаа коленото“, „Не покажа емпатија, затоа нема да добие“ и „Зошто би се грижеле за неговата повреда, доколку тој не се грижи за животите“.

Од друга страна американскиот спортски новинар Дејвид Хукстед смета дека Ајзак бил многу похрабар  од Леброн Џејмс

„Вака изгледа храброста. Кога сите клечат, Ајзак стоеше со гордост за Америка. Понекогаш, треба да стоиш сам. Леброн ја брани кинеската диктатура, има договор од милијарда долари со ’Најк’ и мисли дека е храбро да се клечи за химната. Ајзак има 22 години со дебитантски договор и стои сам поради христијанската вера. Тоа е храброст“, напиша Хукстед.

И покрај тоа, Ајзак доби многу навивачи, откако се тврди дека продажбата на неговите дресови по гестот и повредата стигнала на второто место веднаш зад тие на Џејмс.

Тешка повреда на кошаркарот на Орландо

Scroll to Top