Мајк Буденхолзер повеќе не е тренер на НБА франшизата Атланта Хокс. Двете страни се договориле спогодбени да ја раскинат соработката, откако Атланта сезоната ја заврши со 24 победи и 58 порази.
Буденхолзер пет сезони беше тренер на Атланта, а во претходните четири со екипата од Џорџија играше во плејофот. Во сезоната 2015/16 во регуларниот дел од сезоната Атланата под водство на Буденхолзер забележа 60 поени, тимот стигна до финалето на Истокот, а Буденхлзер беше прогласен за тренер на годината.
Две сезони под тренерската на овој тренер дресот на Атланта го носеше и Македонецот Перо Антиќ.
„Со гордост ќе се сеќавам на сите работи што ги направив со Атланта. Блегодарен сум што добив можност пет години да бидам дел од франшизата. Секогаш ќе се сеќавам на посветеноста и достигнувањата на играчите“, рекол 48-годишниот тренер.