Top Sport

Будуќност го суспендира Џејкоб Вајли

Кошаркарскиот клуб Будуќност го суспендира македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли. Крилниот центар на своја рака заминал од Подгорица. Неговиот менаџер изјави дека Вајли имал приватни проблеми заминал од главниот град на Црна Гора.

„КК Будуќност Воли сака да ја извести јавноста дека Џејкоб Вајли по настапите за Македонија, не се појави на тренингот, самоиницијативно ја напушти Подгорица. Менаџерот го извести клубот дека Вајли заминал поради семејни проблеми. Клубот го суспендира играчот. Јавноста ќе биде навремено известена за чекорите кои ќе бидат преземи против Вајли“, соопшти клубот.

Будуќност во наредните денови ќе игра против СЦ Дерби во АБА лигата и Промитеас во Еврокупот. За овие натпревари покрај Вајли во тимот ќе ги нема повредените Данило Николиќ, Игор Дробњак и Петар Поповиќ, а под знак прашалник е настапот на Вили Рид.

Scroll to Top