Будуќност, актуелните шампиони во АБА-кошаркарската лига, во текот на денот ќе ја официјализираат соработката со еден од најдобрите млади играчи во Европа. Гога Битадзе.
Грузиецот во Подгорица ќе пристигне од Мега Бемакс. Според медиумите кога двете страни ќе „испеглаат“ уште некои работи, договорот ќе биде потпишан.
Битадзе, вечерва треба да биде во „Морача“, каде Будуќност во Евролигата ќе игра против Фенербахче, а за новиот тим ќе дебитира в понеделник против Крка, во АБА-лигата.
Младиот Гризиец игра одлично оваа сезона, во АБА лигата има просек од 20,2 поени, 7,9 скока и 2,5 блокади.
Гога Битадзе има 19 години, кариерата ја започнал во Вита Тбилиси, а во Мега е од 2016 година.