Top Sport

Будуќност со рекордна 21 тројка за деби победа во Евролигата! (видео)

Шампионот од АБА лигата, црногорскиот Будуќност, конечно стигна до својата прва победа во деби настапот во Евролигата, откако тимот на екстренерот на МЗТ, Александар Џикиќ уфрли нереални 21 тројки (од 34 обиди) за 99:84 победа над Басконија.

Бројката од 21 тројки е рекорд во елитното европско натпреварување, а дури шест кошаркари имаа по барем еден успешен обид за три поени, додека Едвин Џексон и Ерл Кларк уфрлија по дури пет на воодушевување на публиката во „Морача“.

Со оваа победа, Будуќност „мрдна“ од дното на табелата по седум кола, откако Дарушафака, уште еден тим со 1-6 скор, загуби дома со 92:98 од Милано.

ЕВРОЛИГА, 7.КОЛО

Дарушафака – Милано 92:98 (19:26, 30:28, 20:14, 23:30)

Будуќност – Басконија 99:84 (26:18, 22:19, 27:23, 24:24)

Scroll to Top