Top Sport

Томаш Бердих оди во „тениска пензија“

Чешкиот тенисер Томаш Бердих во сабота ќе се прости од професионалното играње тенис.

По 17 години професионална кариера, Бердих одлучи да заврши со тенисот. Требаше да биде изненадување, тенисерот сакаше во Лондон да ја соопшти одлуката, но неговиот татко во изјава за чешките медиуми откри дека неговиот син ќе се пензионира.

Наскоро стигна потврдата и од самиот тенисер.

„Ако сакате да се изненадите, немојте да ги гледате медиумите и социјалните мрежи. Сепак, знам дека денеска тоа не е можно. Се случи грешка, планирав изненадување во сабота кога треба да сум во Лондон, но тоа веќе не е можно. Повеќе информации од мене во сабота“ – напишал Бердих на социјалните мрежи.

103-тиот светски тенисер во моментов во својата кариера освои 13 титули. Највредната е онаа од Мастерсот во Париз, во 2005 година, а најголемиот успех на грен-слем турнирите го имаше во 2010 година кога стигна до финалето на Вимблдон.

Бердих сигурно ќе имаше повеќе успех доколку не се натпреваруваше во ерата на „големата тројка“.

Scroll to Top