Кошаркарскиот клуб Цедевита ги потврди рокадите во тимскиот ростер. Местата на двајцата странци кои веќе си заминаа од Загреб, ќе ги пополнат домашни кошаркари.
Цедевите веќе го ангажираше својот поранешен игра, Американецот со грузиски пасош, Џејкоб Пулен и ги потврди отказите на Шпанецот Пабло Агилар и Американецот Џош Магети.
Спортскиот директор Вељко Мршиќ потврдил дека клубот ги ангажирал на нивните места, поранешниот хрватски репрезентативец Марко Баниќ и поранешниот играч Јаков Мустапиќ.
Цедевита има лош старт во АБА-лигата, по шест кола со две победи и четири порази „витамините“ се наоѓаат на деветтото место на табелата.
Поради лошите резултати отказ доби тренерот Сито Алонсо, а на неговото место е ангажиран Славен Римац.