Црвена Звезда ќе мора да игра мајсторка за пласман во финалето од плеј-офот на АБА лигата. „Црвено-белите“ вечерва во драматичен натпревар во Љубљана, кој траеше повеќе од два и пол часа, доживеаја пораз од Цедевита Олимпија со 88:80, по продолжение. Во регуларниот тек натпреварот заврши 76:76.
И покрај шокантната завршница на регуларниот дел од натпреварот за нив, Цедевита Олимпија подобро влезе во продолжението. Со поените на Омиќ, а потоа и на Блажиќ, домашните поведоа со 80:76, а дополнително Црвена Звезда поради пет прекршоци остана без Лука Митровиќ.
Никола Калиниќ го изнуди петтиот прекршок на Еџам, но следеше тројката на Муриќ, по што следеше петтиот фаул на Калиниќ, па домашните стигнаа до „плус шест“ – 84:78. По ова беше јасно дека домаќинот ќе стигне до триумф.
Едо Муриќ беше најдобар играч на натпреварот со 21 поен и седум скока, а го следеше Блажиќ со 12 поени и пет скока. Кај Црвена Звезда, Добриќ постигна 15 поени, Холинс и Волтерс по 14, а Митровиќ имаше 11 поени и седум скока.