Top Sport

Директорот на Хонда: Имаме повеќе бодови, ама не сме во предност!

Уште две Формула 1 трки останаа до крајот на сезонава, на 5. декември болидите и билотите ќе се натпреваруваат во Џеда, а на 12. декември се затвора сезоната, во Абу Даби. Тогаш ќе биде познат светскиот шампион.

Масаши Јамамото, еден од директорите на Хонда, фирмата која ги изработува моторите на тимот на Ред Бул, смета дека моментно второпласираниот Луис Хамилтон со Мерцедес има предноста пред пилотот на Ред Бул – Макс Ферстапен, иако Холанѓанецот има 8 бодови повеќе од Британецот.

„Мерцедес имаат тајно оружје и потребно е да се завршат наредните 2 трки. Иако имаме два бодови повеќе, не сме во предност. Доаѓаме до точка на вриење“ смета Јамамото.

Scroll to Top