Top Sport

Четворица кошаркари си заминале од ЦСКА

Четворица кошаркари заминаа од кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва. Руската престолнина ја напуштиле Грузиецот Торнике Шенгелија, Германецот Јоханес Фојтман, Литванецот Мериус Григонис и Данецот Ифе Лундберг.

Поради руската инвазија на Украина и фактот дека сите натпревари на ЦСКА се одложени, кошаркарите ја напуштиле Русија.

Играчите кои ја напуштиле Москва и понатаму се под договор со клубот.

ЦСКА објави дека ја почитува нивната одлука и дека ќе разговара со нив кога „ќе поминат политичките работи“.

Клубот ја следи ситуацијата и е во постојан контакт со играчите.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');