Top Sport

Чудо од човек – фантастичен „камбек“ на кошаркарот Огњен Кузмиќ

Српскиот кошаркар Огњен Кузмиќ би требало да се врати на паркетот до крајот на годината, пренесуваат српските медиуми.

Информациите се дека докторите на Црвена Звезда веруваат дека центарот на екипата до јануари ќе биде подготвен да и се приклучи на екипата иако пред само две недели доживеа тешка сообраќајна несреќа по која беше во кома.

Откако беа познати деталите за сообраќајката, цела Европа стравуваше од можно црно сценарио, но Кузмиќ заздравува многу побрзо од предвидувањата.

Тој веќе е на домашно лекување, ужива со семејството, нормално се движи по повредите на главата и на градниот кош.

Scroll to Top