Top Sport

Боксерски шампион исфрлен од авион – фрлал пари кон патничка

Светскиот боксерски ВБО шампион, Русинот Сергеј Ковалев неодамна се нашол сред инцидент.

Требало да лета од Форт Лаудердели на Флорида, но бил исфрлен од авионот пред полетувањето затоа што вознемирувал патничка и фрлал пари кон неа.

Како што пишуваат англиските медиуми, 36-годишниот боксер почнал да бакнува една патничка, ја фаќал за рака и на крајот фрлал пари кон неа. Таа се расплакала, а тој заработил пријава за инцидентот.

Ова не бил негов прв проблем со законот. За два дена ќе треба да се појави на суд затоа што годинава друга жена го тужи за физички напад. Наводно, неа ја удрил со рака, а нејзиното куче го удрил со ногата. Сето тоа се случило, најверојатно, затоа што таа не го прифатила неговиот флерт.

На Ковалев му се закануваат 4 години затвор, но претпоставките се дека се ќе биде завршено со спогодба.

Scroll to Top