Кошаркарската репрезентација на Црна Гора најверојатно ќе игра квалификации за пласман на Олимписките игри во Токио. Како сега стојат работите Црна Гора ќ е го заземе место на Русија на квалификацискиот турнир што ќе се игра во Сплит, Хрватска.
Светот, во понеделникот, го погоди веста дека Русија од страна на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) доби четири годишна суспензија. Ова значи дека руските спортисти под државното знаме нема да можат да се натпреваруваат на лените Олимписките игри во Токио 2020 и зимските Пекинг во 2022, а забранет им е настап и на Светското првенство во фудбал во 2022 година во Катар.
Исто така кошаркарската репрезентација нема да може да учествува на квалификацискиот турнир за пласман на Игрите во Токио. Конечната одлука ќе биде позната на 21 декември, а доколку ФИБА ја потврди суспензијата Русите ќе отпаднат бидејќи никој не верува дека ќе прифатат да се натпреваруваат под неутрално знаме.
Ова им го отвори патот на Црногорците кои се 26 на листата на ФИБА, односно најдобро се пласирани од сите селекции што не избориле пласман во Токио или пласман на квалификациските турнири.
Доколку Русија отпадне Црна Гора ќе игра на квалификацискиот турнир во Сплит во А-групата со Мексико и Германија. Во Б-групата се Хрватска, Бразил и Тунис.
Победникот на овој турнир ќе обезбеди пласман на ОИ во Токио.