Кошаркарскиот клуб Црвена звезда реагираше со соопштение по инцидентите со кои беше одбележан дуелот од Евролигата против литванскиот Жалгирис во Каунас, кога кошаркарите на српскиот клуб одбија да застанат зад знамето на кое пишуваше „Стоп на војната“ со боите на украинското знаме.
По ваков почеток на мечот, имаше и пресметки на трибините помеѓу навивачите на двата клуба, но и погрдни извици кон кошаркарите на српскиот клуб.
„КК Црвена звезда за да се отстранат сите шпекулации и политизација на нашиот гест пред мечот во Каунас, мора да излезе со соопштение. КК Црвена звезда како спортски клуб и претставник ан Република Србија зазеде јасна позиција во однос на конфликтот во Украина, нешто што им беше дадено на знаење на луѓето од Евролигата и луѓето од Жалгирис, дека нема да се дозволи политизација и носење на банер во бои на било која држава. Апелираме на сите звездаши да не го осудуваат Ерон Вајт и да не мешаат политика, туку да го поддржат како спортист кој е вистински професионалец. За жал, нашето барање да не носиме банер кој не е неутрален не беше послушано и со тоа се нарушуваат основните начела на Евролигата и кошарката. Како да ги протолкуваме скандирањата ‘Fuck You Serbia’, нападот и исфрлувањето на навивачите на Црвена звезда бидејќи го носат нашето знаме и истакнувањето на знамето на НАТО, како и промоцијата на извиците ‘Слава на Украина’. Зошто во 1999 за време на агресијата на НАТО кошаркарите на Жалгирис не носеа банер: ‘Сопрете ја агресијата на Југославија’? Дали КК Црвена звезда може да бара од сите кои ќе играат во Белград да носат транспарент ‘Косово е Србија’ за да го интернационализираме проблемот. Бараме Евролигата итно да реагира, да поднесе дисциплинска постапка и да го санкционира ова кршење на основните начела на спортот. КК Црвена звезда ќе продолжи да ги промовира вистинските вредности на кошарката“, се вели во соопштението на клубот.