Таткото на Лука Дончиќ, Саша, беше присутен во првите редови на мечот меѓу Олимпијакос и Црвена Звезда во Евролигата.
Саша изјави дека Лука би можел да го одржи ветувањето од 2017 година и во еден момент од кариерата да заигра за „црвено-белите“.
Црвена Звезда сака да ја искористи можноста да го ангажира еден од најдобрите играчи во светот преку неговиот татко, поранешен јуниорски играч на клубот од почетокот на деведесеттите. Испрати и покана, засега преку социјалните мрежи.
Mesto te čeka pored tate ❤️🤍@luka7doncic #kkcz #TogetherWeCan #WeAreTheTeam pic.twitter.com/z10TXdfWEP
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) April 6, 2023