Кошаркарското дерби меѓу белградските ривали ќе има свое трето полувреме. Партизан во понеделникот ја победи Црвена звезда, во АБА лигата и го презеде првото место на табелата.
Натпреварот го обележа инцидентот што го предизвика Матијас Лесор веднаш по последниот звук на сирената. Играчот на Партизан го нападна кошаркарто на Црвена звезда, Филип Петрушев.
КК Црвена звезда поднесе кривична пријава против Матиас Лисор за насилничко однесување и претепување на Филип Петрушев.
За овој инцидент засега не се огласија од АБА лигата.
Комесарот на лигата, Милија Војиновиќ, за „Новости“ изјави дека Дисциплинскиот судија на АБА лигата Хрвоје Видан ќе каже каква и колкава казна го чека центарот на Партизан.