Top Sport

Црвена звезда вечерва нема да игра против Будуќност

Нова прес конференција денеска во Подгорица одржа претседателот на Црвена звезда, Небојша Човиќ, на кој ги шокирал присутните. Човиќ рекол дека Црвена звезда нема да игра вечерва против Будуќност од 21 часот.

„Речиси сигурно нема да излеземе вечерва на паркетот во „Морача“. Луѓето велат дека утрото е попаметно од ноќта. Првото полувреме мина добро, а од третата четвртина се се смени. Што се случи во полувремето? Прво имаше закани. А второ, па можеби се зголеми тарифата“, рекол Човиќ.

Црвена звезда, синоќа во драматичен меч загуби од Будуќност 78:77. Будуќност во пресрет на четвртиот меч има предност од 2-1 во серијата и се наоѓа на победа од освојување на титулата.

Човиќ: Ограбени сме во Подгорица, српски клуб не смее да биде шампион

Scroll to Top