Top Sport

Далас Маверикс го пензионираа дресот на Новицки

Далас Маверикс го пензионирана бројот 41, кој во кариерата го носеше најдобриот играч во историјата на оваа франшиза, Дирк Новицки.

Свечената церемонија се одржа во полувремето на натпреварот Далас-Голден стејт.

Новицки, дресот на Далас го носеше во перидот 1998-2019. Германецот е единствениот играч во историјата на НБА, кој 21 година играл за еден тим.

Во кариерата постигнал 31.560 поени, на вечната листа се наоѓа на шестото место. Тој го предводеше Далас до единствената титула во 2011 година. Беше МВП на сезоната 2006/2007. 14 пати бил Ол стар, а 12 пати бил дел од една од најдорите три петорки во лигата.

Scroll to Top