Top Sport

Мареј со победнички старт на 2019

Поранешниот светски број 1, Енди Мареј направи успешен кам-бек на тенисот на 1 јануари, откако со 6:3/6:4 го победи домашниот фаворит Џејмс Дакворт во првото коло на Бризбејн интернешнл турнирот.

31-годишниот Шкотланѓанец лани ја прекрати сезоната поради болки во колкот по операцијата која го отстрани од три од четирите гренд слема. Тој во моментов е на 240. место на АТП листата и не е носител во Бризбејн, но вели дека е презадоволен од враќањето.

„Секако дека бев нервозен. Но, како што одеше мечот, мислам дека се движев подобро. Ова ми е прв меч по долга пауза и сакав да уживам во него. Не беше лесно во последните 18 месеци“, вели Мареј, кој се врати на теренот минатиот јуни и одигра само 12 комплетни мечеви во 2018.

Сега, во второто коло го очекува тежок дуел со четвртиот носител, Русинот Данил Медведев.

Фото: ЕПА

Scroll to Top