Top Sport

Давитков, барем засега, останува селектор

Јорданчо Давитков ќе остане селектор на македонската кошаркарска репрезентација, а за понатамошните чекори, околу начинот на подоговтките за квалификациите за ЕП, повеќе информации ќе има по разговорите со челниците на Македонската федерација (МКФ).

Селекторот на денешната прес-конференција, објасни дека е тешко да се балансира помеѓу двете функции, клупскиот и селекторскиот ангажман.

„Одигравме добар циклус, се пласиравме во следната рунда од претквалификациите за ЕП 2021 што беше главната цел. Во тие, натпревари, со исклучок на последниот, се врати тимскиот дух во репрезентацијата. Оваа прес-конференција е на моја иницијатива за да нема некои непроверени информации и шпекулации. Термините на ФИБА и во јуни и сега во септември не можам да ги разберам. Уште по завршувањето на првенството во Кувајт имав разговори со луѓето во клубот. Барав од нив да бидам слободен во февруари и ноември и беше се в ред. Ме пуштија во февруари, беше се договорено за ноември, но доаѓа септемврискиот циклус каде треба цел август да бидеме на подготовки. Во разговор со челниците добив дозвола да бидам со репрезентацијата, но најмногу 20 дена. Ако имаме подготовки од 35 дена е тешко и нереално е да се очекува дека клубот ќе ме пушти. Најлесно е да кажам заминувам и ви благодарам за се, но мислам дека бев должен пред сите вас да ја изложам целата ситуација. Постојат две опции: првата е да имаме подготовки од 35 дена, а втората е играчите да се подготвуваат со своите клубови, а да почнеме подоцна и заедно да бидеме околу 20 дена. Сите заедно ќе се договориме што ќе правиме. Што се однесува до противниците во претквалификациите, Косово ни е должник и треба да се реваншираме, а Романија е солидна екипа. Ако сме комплетни, верувам во успех – рече селекторот.

Давитков ја напушта селекторската функција?

Scroll to Top