Нандо де Коло постигна рекордни за него 39 поени за да ги предводи Фенербахче до 87:80 победа над Басконија во Истанбул, прв триумф на турскиот клуб во Евролигата оваа сезона.
Торнике Шенгелија имаше 18 поени, а Шејвон Шилдс 17 за Басконија, за шпанскито клуб да води со 63:62 на 8:32 пред крајот на мечот, пред Фенербахче да се „разбуди“ и Никола Калиниќ и Боби Диксон да вратат со две тројки за одвојување.
Де Коло, покрај личниот рекорд, постави и рекорд за Фенер, надминувајќи ги 34-те поени на Дру Гуделок против Баерн во 2014 година.
„Се чувствував одлично и не е важно што јас направив, туку тимот. Во првите два меча имавме големи проблеми, но денеска се вративме“, изјави Де Коло.
Црвена звезда го намачи Макаби Тел Авив во четири четвртини, но одигра мизерно продолжение за да дозволи израелскиот клуб да стигне до 84:69 победа. Звездашите постигнаа само два поени во продолжението и примија 17 поени за да пропуштат голема шанса.
Рикардо Мораскини со своите први поени од слободен удар во Евролигата им донесе на Милано импресивна 78:77 победа над Панатинаикос во Атина за втора победа оваа сезона. Од другата страна, Ник Калатес, кој беше најдобар стрелец на ПАО со 23 поени и 5 скока, го промаши скок-шутот за да дозволи победа на италијанскиот клуб.
ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО
Фенербахче – Басконија 87:80 (22:22, 17:14, 24:22, 24:22)
Макаби Тел Авив – Црвена звезда 84:69 (24:23, 15:17, 16:17, 12:20, 17:2)
Баерн – Асвел Лион 104:63 (30:13, 27:22, 26:16, 21:12)
Панатинаикос – Армани Милано 78:79 (20:24, 18:14, 19:23, 21:18)