Нандо Де Коло, Јан Весели и Лео Вестерман и наредната сезона ќе го носат дресот на Фенербахче.
Весели и Де Коло се клучните кошаркари на Фенербахче и новната одлука да останат во Истанбул се толкува како прва голема победа за новиот тренер Игор Кокошков.
Тренерот кој на клупата го наследи Жељко Обрадовиќ во наредниот период ќе треба да го убеди во тимот да остане и Костас Слукас. Според турските медиуми тоа ќе биде тешко бидејќи тој веќе имал устен договор со поранешниот клуб Олимпијакос.
Инаку Фенербехче веќе го донесе првото засилување, тоа е Канаѓанецот Дајшон Пјер кој минатата сезона играше за Динамо Сасари.