Top Sport

Дебакл на Хјустон и Феникс, Њујорк без шанси во Бостон (Видео)

Јута Џез и Портланд Трејлблејзерс забележаа убедливи победа во НБА лигата над Хјустон Рокитс, односно Феникс Санс. Интересно двата тима на своите натпревари успеаја да добијат четвртина со 27 поени. Јута го доби третиот период против Хјустон 38:11, а Портланд по првата четвртина водеше против Феникс 34:7.

Хјустон е далеку од оптималната форма, не наликува на екипата од минатат сезона која играше во финалето на Западот. Ракетите веќе имаат 13 порази од посчетокот на сезоната и се далеку од плеј-оф зоната.

Џезерите, втор пат сезоната го декласираа Хјустон, иако по само три минути игра останаа без Руди Гобер, кој доби исклучување поради непримерно однесување. Џезерите победија 119:91.

Дерик Фејворс забележа „дабл-дабл“ од 24 поени и 10 скока, Џо Инглс постигна 18, а Данте Ескум 15 поени.

Џејмс Харден со шут од поле 5/16, ги предводеше Ракетите со 15 поени и шест скока.

Портланд против Феникс славеа со 108:86. Феникс постигнаа само седум поени во првиот период, а до крајот на мечот ниту еднаш не успеаја да ја спуштат разликата под 20 поени.

Демијан Лилард уфрли 25 поени за 24 минути, а Си-Џеј Мекалум постигна 24 поени. Центарот од БиХ, Јусуф Нуркиќ за 23 минути на теренот забележа девет поени и 12 скока.

Феникс Санс го забележаа седмиот пораз во низа. Најефикасен во овој дебакл беше Трој Дениелс со 15 поени.

Убедлив триумф над Њујорк Никс, запишаа кошаркарите на Бостон Селтикс (128:100). Селтикс имаат скор 14/10, а триумфот над Никс им беше четвртиот во низа.

Кајри Ирвинг ги предводеше Селтикс со 22 поени и осум асистенции, а Ал Хорфорд имаше 19 поени и 12 скока. Влегувајќи од клупата Џејлен Браун постигна 21 поени.

Scroll to Top