Top Sport

Јувентус и Алекс Сандо постигнале договор, Бразилецот останува

Раководството на Јувентус и левиот бек Алекс Сандро постигнале договор за продолжување на соработката. Ова е вистинско изненадување бидејќи пред неколку дена двете страни ги прекинаа преговорите. Бразилецот барал преголема плата поради што челниците на клубот се откажале од понатамошните преговори.

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, тврди дека Јувентус и Сандро, сепак постигнале договор и дека Бразилецот ќе остане во Торино до 2023 година.

Алекс Сандро е член на Јувентус од јуни 2015 година, кога Јувентус на Порто му плати 30 милиони евра за неговиот трансфер. Оваа сезона има настапено на 18 натпревари во сите натпреварувања.

Интерес за левиот бек покажува Манчестер Јунајтед, Манчестер сити и Челси.

Scroll to Top