Top Sport

Александар Вучиќ: Ќе навивам за Мароко, тоа се нашите браќа

Хрватска го отвори Мундијалот во Катар со натпреварот против Мароко и ќе го заврши учеството на 22. Светско првенство против истиот противник. Во првото коло во Ф-групата, Хратска и Мароко ремизираа без голови.

Утре од 16 часот двете репрезентации ќе се борат за третото место на Светското првенство.

Интересна изјава во врска со овој натпревар даде српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„Во финалето не знам за кого ќе навивам, знам за кого ќе навивам во мечот за третото место – за Мароко тоа се нашите вистински браќа, кои никогаш нема да го признаат независно Косово. Имаат проблем со Западна Сахара. Сега ќе ми кажете дека сите во Нови Пазар навиваат за Мароко, а јас да кажам дека нема да ги поддржам затоа што се муслимани? Па, тие се наши браќа, наши пријатели“, изјави Вучиќ за националниот сервис, РТС.

Тој откри дека не навивал за Хрватска ниту во полуфиналето.

„Ги почитувам сите, одете на море во Хрватска, јас нема да одам, навивате за Хрватска, колку сте, 11, 12 отсто, јас нема да навивам. Ви честитам за извонредниот успех, јас навивав за Аргентина, а ќе за навивам и за сите останати во иднина и во иднина и никој тоа нема да ми го забрани и секогаш ќе зборувам слободно“.

Scroll to Top