Top Sport

Дебакл на Охрид во АБА 2 лигата, загуби со 50 поени од Вршац

Кошаркарите на претрпеа вистинска катастрова во својата сала „Билјанини извори“ во рамките на третото коло во Втората АБА лига. Охридските кошаркари вечерва беа прегазени од Вршац 61:111 (18:28, 14:25, 18:23, 11:35).

Охридските кошаркари во ниту еден момент не можеа да им парираат на гостите од Вршац, кои натпреварот го отворија со 0:7, а во продолжение на средбата предноста на гостите рапидно се зголемуваше до максималните 50 поени.

Охрид, кој е единствениот македонски преставник во втората АБА дивизија, според квалитетот е далеку од опонентите во ова друштво. Охриѓани во првите три кола запишаа исто толку порази со негативна коша разлика 92.

„Се остварија нашите очекувања дека Вршац е еден од главните фавортити во Втората АБА лига. Би сакал да и се извинам на охридската публика што присуствуваше на вака лош натпревар од наша страна, Кои се причините, објективни или не ќе анализираме со цел да ги пронајдеме грешките. Екипата на Вршац е поквалитетна, тоа стои, како и тоа дека ние имавме исклучително тежок натпревар во домашното првенство во Кавадарци каде што освен на спортски терен имавме проблем и надвор од него, но освен на почетокот на натпреварот во првите три четири минути, само во една четвртина покажавме заби. Но кошарката се игра четири четвртини и тешко дека со една четвртина може да се добие и далеку послаб противник, а камоли ваков тим како Врчац. Ни останува да работиме напорно, дотолку повеќе што ние ја запознаваме АБА лигата, а имаме и тежок распоред, такашто се надевам што побрзо ќе се навикнеме на овој ритам сабота – среда и ќе ги оправдаме вложувањата на претседателот на клубот“, изјавил по натпреварот Владимир Ѓоровиќ помошник тренер на КК АВ Охрид.

Како и на претходните мечеви во охридскиот тим се издвоија Бери со 23 и Цонков со 17 поени.

Охрид во наредното коло ќе гостува во Мостар кај Зрињски.

фото/ohridnews.com

Scroll to Top