Поранешниот НБА кошаркар Ченинг Фрај смета дека најдобар играч на сите времиња (ГОАТ) е Леброн Џејмс, а не Мајкл Џордан. Фрај во кариерата му беше соиграч на Леброн во Кливленд Кавалирс.
„Џордан имаше само една задача, да постигнува поени. И навистина, тоа го праваше на фантастичен начин“, рекол Фрај и дополнил.
„Сепак не верувам дека неговиот начин на играње би функционирал во денешно време. Други кошаркари не би сакале да играат со него“.
Фрај во кариерата играл во Њујорк, Портланд,Финикс и Орландо. Најдобрата сезона во кариерата му е 2011/2012 кога бележел по натпревар 12,6 поени и 6,7 скока.