Кошаркарот на Макаби од Тел Авив Дени Авдија ќе оди во војска. Големиот талент на израелската кошарка ќе ја искористи принудната пауза во сезоната за да ја одработи својата граѓанска должност.
Сите Израелци постари од 18 години мора да служат војска. Авдија минатата година не замина на служење на воениот рок бидејќи играше на Европското првенство за кошаркари до 20 години. Авдија го предводеше Израел до златниот медал.
Воениот рок во Израел трае 32 месеци, но како одликуван спортист веројатно е дека ќе службата ќе му биде скратена.
Додека служи војска тој ќе има месечна плата од 5.900 евра.
Инаку, Дени е син на поранешниот капитен на Црвена звезда Зуфер Авдија.
(1/3) דני אבדיה, שחקן מכבי FOX תל אביב ונבחרת ישראל, התגייס הבוקר לצה"ל.
החייל הטרי, שאמור להיבחר בדראפט ה-NBA הקרוב, הגיע הבוקר עם הוריו וסוכנו לבסיס קליטה ומיון בתל השומר ועבר את תהליך הגיוס כמקובל pic.twitter.com/dyhp0dJPFJ— Maccabi Tel Aviv BC (@MaccabitlvBC) April 1, 2020